Со оваа Политика на приватност на личните податоци се уредува начинот на кој „Макпетрол“ АД Скопје ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците при посета на веб-страницата на „Макпетрол“ АД Скопје www.makpetrol.com.mk.
„Макпетрол“ АД Скопје посветува значително внимание на заштитата од неовластен пристап и користење на Вашите лични податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите согласно со законската регулатива и подзаконските акти кои се однесуваат на заштитата на личните податоци.
Контролор на личните податоци е „Макпетрол“ АД Скопје, со седиште на ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.4, Скопје, Република Северна Македонија.
„Макпетрол“ АД Скопје може да обработува лични податоци за корисниците, а во насока на подобрување на содржините и функционалностите на страницата. Обработката на лични податоци се врши само на оние податоци кои ни се доставени од Ваша страна.
Оваа политика за приватност се однесува единствено на веб-страницата на „Макпетрол“ АД Скопје и на сите поддомени. Доколку преку веб-страницата на „Макпетрол“ АД Скопје е обезбеден линк до други веб-страници, Ве информираме дека не преземаме одговорност во однос на заштитата на личните податоци кои ја обезбедуваат тие веб-страници. Ние ќе ги користиме Вашите лични податоци за да се процесираат сите поволности и новитети кои ги нуди „Макпетрол“ АД Скопје.
Ве молиме да имате предвид дека во случај на откривање на личните податоци преку други онлајн форуми, истите може да ги приберат и користат други субјекти и затоа Ве советуваме и Ве предупредуваме да не ги откривате своите лични податоци онлајн на непознати, со цел да се спречи неовластено користење или злоупотреба.
Ако се одлучите да добивате информации и новости, Вашата електронска адреса ќе се користи исклучително за да се пратат новостите до Вас лично. Вие можете, во секое време, да се „отпишете“ (Opt-out), при што во ваков случај, Вашата електронска адреса ќе биде трајно отстранета од нашата база на податоци.
Кога ја посетувате нашата веб-страница и кога се најавувате, или, пак, кога оставате коментар, може да побараме да го оставите Вашето име, презиме, компанија, телефон, е-пошта и адреса. Собраните информации ги користиме за да одговориме соодветно на Вашите индивидуални потреби и да Ви обезбедиме ефективна услуга и поддршка. На сите Ваши пораки или прашања пристигнати по е-пошта ќе Ви одговориме на истата електронска адреса. Електронската адреса нема да се користи за ниту една друга цел и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на Вашето барање.
„Макпетрол“ АД Скопје го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци, во случаи кога тоа се бара по закон или кога е потребно во водењето на некоја судска постапка, за заштита на нашите бизнис интереси и интересите на нашите корисници. Пристапот до Вашите лични податоци во „Макпетрол“ АД Скопје е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци, со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги.
„Макпетрол“ АД Скопје ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка, како и од нивна злоупотреба .
Податоците кои ги собира „Макпетрол“ АД Скопје се чуваат во согласност со закон и во периодот потребен за постигнување на целта на обработката, по кој период истите ќе бидат избришани од системот на „Макпетрол“ АД Скопје.
Податоците кои ги обработуваме се грижливо зачувани и не ги даваме на трети лица или компании. Ова ги исклучува нашите партнери кои ни помагаат во водењето на страницата и на нашиот бизнис. По барање на државните органи и во согласност со законот, можеме да предадеме еден дел или сите собрани информации.
Применетата политика за приватност објавена на оваа веб-страница се заснова на Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20).
Пречистениот текст на Законот може да се спушти во електронска форма, од веб-страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија (www.dzlp.mk).
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот службеник за заштита на лични податоци – Ѓорги Ѓоргиевски, контакт телефон 02/3 146-499, e-mail адреса: gjorgi.gjorgievski@makpetrol.com.mk
Оваа политика за приватност се однесува само на информациите кои се објавени на нашата веб-страница.
Политиката за приватност редовно ќе се менува, дополнува и усогласува соодветно на настанатите промени и согласно со законските измени. Истите навремено ќе се објавуваат на оваа веб-страница.
Населба Елен Камен 6330 Струга, Македонија
Населба Елен Камен 6330 Струга, Македонија
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информации на уредот. Со согласување на овие технологии, ќе ни биде овозможено да обработуваме податоци како што се однесувањето при прелистување или уникатни ИД-а на оваа страница. Несогласувањето или повлекувањето на согласноста може негативно да влијае на одредени функции и карактеристики.